Процесот почна на 24 мај, а го спроведуваат две ветеринарни станици. Се вакцинираат само здравите грла, а по вакцинацијата месото не смее да се употребува седум дена, додека за млекото нема забрана.
Болеста во општина Делчево се појави во селата Габрово, Град и Разловци, но и во Македонска Каменица, а е потврдена кај седум грла, додека 49 биле однесени на усмртување во кланицата во Радовиш. Слична е состојбата со болеста и во Малешевијата, каде беа уништени 50-ина грла.
За сузбивање на болеста во регионите на Пијанец и Малеш се доставени 9.300 вакцини.