Во текот на ЕУРО-то уапсени 1.400 лица и запленети 6,7 милиони евра

37

Во операцијата Интерпол, чијашто цел биле илегалните обложувања во текот на Европското фудбалско првенство ова лето, уапсени се 1.400 лица и запленети се 6,7 милиони евра, објави во вторникот меѓународната криминалистичка полиција чиешто седиште е во француски Лион.

Во Азија и во Еропа се спроведени илјадници рации во кои се одземени компјутери и мобилни телефони поврзани со речиси 394 милиони евра во оптек во обложувањата.

„Додека Европското фудбалско првенство главно го следевме како навивачи, стотици криминалци во 28 земји целеле на организирани криминални групи кои сакале да заработат милиони преку илегално коцкање и поврзано со тоа перење пари“, се наведува во соопштението на Интерпол.

Полицијата во Хонгконг уапсила повеќе од 800 осомничени, „меѓу нив и наводниот шеф на обложувачко здружение контролирано од тријадите“, додаваат од Интерпол. Во една од најуспешните вакви операции во Хонгконг досега, полициските службеници заплениле 2,3 милиони евра во готовина и евиеденција со поединости за стотици милиони обложувања.

Во Италија, чија селекција е нов европски шампион, во текот на ЕУРО-то во операцијата под кодно име „SOGA VIII“ проверени се 280 обложувалници и наплатени се казни во вкупен износ од 1,3 милиони евра поради нелегално обложување.

Станува збор осмото спроведување на операцијата SOGA (од „soccer gambling“) кое ги опфатило Австрија, Белгија, Велика Британија и Германија, Италија, Ирска, Полска, Португалија, Романија, Русија, Финска, Франција, Унгарија, Хрватска, Шпанија и Швајцарија во Европа, како и Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Виетнам, Кина, Индија, Камобоџа, Малдиви, Филипини и Сингапур во остатокот од светот.

Откако Интерпол ги спроведува операциите од овој вид упасени се повеќе од 19.000 лица и запленети се 63 милиони евра, а затворени се над 4.000 обложувалници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.