Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин на огнот на палестинската територија погодена од глад.
На опколената Газа очајно ѝ е потребна помош и Соединетите држави рекоа дека ќе продолжат со воздушни исфрлање на помошта, и покрај барањата на Хамас да ја прекине практиката откако исламистичката група соопшти дека 18 лица загинале обидувајќи се да дојдат до пакетите со храна во вторникот, како и претходните смртоносни инциденти исто така поврзани со воздушното фрлање на помошта.
Огнена топка го осветли ноќното небо во јужниот град Рафах, последниот преостанат урбан центар во Појасот Газа врз кој сѐ подготвува офанзива од израелските копнени сили. Околу 1,5 милиони луѓе, или повеќе од половината од вкупното населени на енклавата, се натрупани во областа. Тие побегнаа во овој јужен град, кој пред војната имаше 300.000 жители, близу границата со Египет, откако израелската војска во својата инвазија ги уништи нивните живеалишта и целосната инфраструктура во северниот и централниот дел на енклавата.
Експлозии се слушаа и чад се креваше во северниот град Газа, каде израелските сили ја напаѓаат најголемата болница во градот повеќе од една седмица. Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти рано во средата дека 66 лица биле убиени во текот на ноќта, вклучително и три во израелските воздушни напади во и околу Рафах.
Борбите продолжија со несмалено темпо два дена откако Советот за безбедност на ОН ја усвои својата прва резолуција, по шесте неуспешни обиди претходно, со која се повикува на „итен прекин на огнот“, откако САД конечно не вложија и повикува на ослободување на околу 130 заложници за кои Израел вели дека остануваат во Газа, вклучително и 34 затвореници за кои се верува дека се мртви.
Израелските сили, исто така, опколија две болници во Кан Јунис, каде што Министерството за здравство соопшти дека 12 лица, меѓу кои и деца, биле убиени во израелски напад врз бегалскиот камп.
Палестинската Црвена полумесечина предупреди дека илјадници се заробени во болницата Насер во Хан Јунис и дека нивните „животи се во опасност“.
„Вештачки предизвикан глад“
Нагласувајќи го очајот на цивилите блокирни во борбите, Хамас побара од земјите донатори да престанат со воздушни фрлања откако 12 лица се удавија обидувајќи се да извлечат помош од храна испорачана со падобран од морето кај медитеранскиот брег на Газа. Уште шест лица загинаа во стампедо обидувајќи се да добијат помош.
„Луѓето умираат само за да добијат лименка туна“, изјави за AFP жителот на Газа, Мохамад ал-Сабави, држејќи лименка во раката по расправијата за пакетите со помош.
Хамас, исто така, бара Израел да дозволи повеќе камиони со помош да влезат на територијата, за која Обединетите нации предупредија дека е на работ на „глад предизвикан од човекот“ по речиси шест месеци борби.
Војната, предизвикана од невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, ја уништи инфраструктурата на Газа, а хуманитарните агенции велат дека на сите 2,4 милиони луѓе сега им е потребна хуманитарна помош.
Детскиот фонд на ОН 0 УНИЦЕФ рече дека значително поголема помош мора да се испрати во Газа по пат, наместо по воздушен или морски пат, за да се спречи „неминовното гладување“. Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, рече дека е потребна помош на само еден километар оддалеченост во камионите со хуманитарна помош кои чекаат од другата страна на јужната граница на Газа во Египет.
Советот за национална безбедност на САД соопшти дека ќе продолжи да се обидува да обезбеди доставуање помош по копнен пат, но исто така рече дека ќе продолжи со испораките од воздух.
Снимката на AFPTV покажува толпа луѓе кои брзаат кон пакетите со помош спуштени со падобран од авионите испратени од Јордан, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Германија во вторникот.
„Политичка изолација“
Нападот без преседан врз воени бази, градови и кибуци во јужен Израел на 7 октомври резултираше со околу 1.160 смртни случаи, од кои 318 припадници на израелсите безбедносни сили. Во одмаздничката операција на Израел, како што вели против Хамас, загинаа најмалку 32.414 луѓе од кои најмалку третина деца а повеќето жени во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство.
Израелските сили не покажаа знаци на попуштање во борбата против Хамас, а војската рече дека нејзините авиони погодиле повеќе од 60 цели, вклучително и тунели и згради „во кои се идентификувани вооружени терористи“.
Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН усвоена во понеделник повикува на итен прекин на огнот во преостанатите две седмици од светиот муслимански месец на постот Рамазан, што треба да доведе до „трајно“ примирје.
Соединетите држави, најголемиот сојузник на Израел, кој ги блокираше претходните резолуции, се воздржаа од гласањето, што го натера Израел да ја откаже планираната посета на САД на неговите највисоки претставници.
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија изјави дека Израел доживува „политичка изолација без преседан“ и ја губи американската „заштита“ во Советот за безбедност.
Вашингтон покажа резервираност за планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да изврши копнен напад врз Рафах, а САД исто така изразија зголемена загриженост за хуманитарните жртви. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пред средбата со неговиот израелски колега изјави дека „бројот на цивилни жртви е премногу голем, а количината на хуманитарна помош е премногу мала“ во Газа.