Во Тенеси се враќа смртната казна со електрична столица

Сојузната американска држава, Тенеси, одлучи затворениците кои се осудени на смртна казна да можат да се санкционираат со електрична столица, доколку во затворот нема смртоносни инекции.

До ова решение е дојдено откако европските и американските фармацевтски компании одбиле да ги снабдуваат затворите со инекциите за усмртување. Смртоносната инекција е примарен  метод за егзекуција во американските држави кои имаат смртна казна.

Законот во Тенеси доаѓа во време кога смртоносната инекција е под засилено преиспитување како метод за егзекуција откако минатиот месец егзекуција во Оклахома покажа проблеми. Имено осуденикот Клејтон Локет ја примил инекцијата но останал свесен и  по неколку минути умрел од срцев удар. Неколку осуденици на листата за егзекуција започнале судска постапка против нивните изречени казни, тврдејќи дека користењето на помалку регулирани супстанци може да предизвикаат значителна болка и дека се нехумани.

Амнести интернешенал вели дека има скок на изведени смртни казни во светот во 2013 со Кина на врвот на листата. САД се петта држава на листата со 39 егзекуции, едно место зад Саудиска Арабија со 79.