Во тепачка убиен помошникот на Мајка Тереза

Поранешниот волонтер и помошник на Мајка Тереза, Марк Блумфелд, починал откако бил претепан во бар во Велс.

Блумфелд (54) на 18. јули учествувал во тепачка во бар, каде добил сериозни повреди и завршил во болница. Починал во саботата на 20 јули. Блумфелд за време на неговиот престој во Индија основал кампови, каде што сиромашните добивале лекарска помош и отворал училишта за девојчиња, кои во тоа време немале право на образование.

За време, пак на престојот во Африка, како што тврди неговото семејство, помогнал при организирањето за набавка на авиони со кои се ловеле ловокрадците. Како помошник на Мајка Тереза работел во нејзината мисија и лично се грижел за неа.

Во врска со тепачката во Велс, полицијата уапси 61- годишен маж за нанесување тешки телесни повреди. Осомничениот останува во притвор до 19 август, кога е одредено првото сослушување во судот во Велс.