Во Тетово и Гостивар санкционирани 145 возачи, 71од нив за брзо возење

Во неделата во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 145 возачи, од кои 104 на територија на Тетово, а 41 на територија на Гостивар.

71 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 15 за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.