
Целосно изгоре маж во оваа импровизирана сега пеплосана барака наспроти спортската сала во Тетово. Пожарот е пријавен утринава околу 3:50 минути. Пожарникарите за кратко време пристигнале на лице место и ги спречиле пламените јазици да не се прошират кон соседните објекти.
Откако завршиле со интервенцијата го забележале мртвиот изгорен труп.
Телото кое е изгорено до степен на непрепознавање е предадено на обдукција. Преку ДНК анализа ќе се утврдува неговиот идентитет.
Полицијата и јавното обивнителство, имаат извршено увуд и работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот и настапувањето на смртта на изгореното машко лице.