Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица, Александар Велјановски, на вечерашната дебата на 24 Телевизија, истакна дека во Тетово има Јавна установа која не функционира,а има вработени повеќе луѓе д просечна установа.
„Во Тетово постои јавна установа која не функционира, а СДСМ во неа има вработено повеќе луѓе од една просечна установа“, рече Велјановски.
„За време на владеењето на СДСМ и Зоран Заев, партиските вработувања, криминалот и корупцијата навлегоа во сите пори на општетсвеното живеење, флоскулите нема правда нема мир и едно општество за сите останаа само празни зборови“, рече тој.
Во однос на администрацијата Велјановски вели дека повторно и во овој домен не е направено ништо и покрај сите ветувања на власта, лошото менаџирање е проблем, одредени критериуми беа либерализирани за административците, за да можат да се вршат дополнителни партиски вработувања.