Спасувачите во текот на ноќта бараа преживеани по големиот земјотрес кој уби најмалку 126 лица, а повреди 188 лица и оштети повеќе од 3.000 згради во оддалечен дел од кинескиот регион Тибет, во близина на Еверест.
Преживеаните беа под дополнителна опасност бидејќи се предвидуваше дека температурите ќе паднат до -16 целзиусови во текот на ноќта.
Земјотресите се вообичаени во регионот, кој лежи на голема геолошка раседна линија, но земјотресот вчера беше еден од најсмртоносните во Кина во последниве години.Земјотресот со јачина од 7,1 степени според рихтеровата скала, кој се случи на длабочина од 10 километри, според податоците на геолошкиот институт на САД, бил почувствуван и во непал и делови од Индија, кој е сосед на Тибет. Кинеските државни медиуми објавија дека земјотресот бил со малку помала магнитуда од 6,8 степени, што предизвикал „очигледни“ потреси. Во подножјето на Монт Еверест, кој ги дели Непал и Кина, округот Тингри е популарна база за планинари кои се подготвуваат да се искачат на највисокиот врв на светот.