Во ТИРЗ годинава има 500 нови вработувања

До крајот на 2016. во зоните ќе бидат вработени 7.100 лица

Бројот на вработени во ТИРЗ (Технолошки индустриски развојни зони) во април повторно бележи раст и достигна 16700. Тоа е за 15% повеќе од април 2022, односно 20% повеќе од 2021 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата. Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 500 работници.

„Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.230 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година. И увозот во првите четири месеци од годинава достигна над 1 милијарда евра. 250 милиони евра увоз оствариле компаниите во ТИРЗ само во април, што е на исто рамниште со април 2022 година. Поради ваквите економски движења продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со април е 20,5%“, се наведува во соопштението од Дирекција за ТИРЗ.

Годишната анализа на ТИРЗ покажала дека компаниите во зоните уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 споредено со 2021.

„Односно за 1 евро исплатено од државата компаниите назад во буџетот враќаат најмалку 4 евра.  Податоците во анализата направена врз база на завршните сметки од компаниите покажува и дека тие оствариле ниво на нето добивка за 10% повисоко споредено со претходната година, од кои исто така дел влегуваат во Буџетот. Корисниците на ТИРЗ регистрираат пораст на нето платата од најмалку 13% во однос на 2022, што е повисоко и од растот на нето платата во националната економија“, велат од ТИРЗ.