
Раководството на Тотенхем е уверено дека лидерот на тимот Хари Кејн нема да го напушти тимот барем до следната година, пренесе „Дејли стар“.
Договорот на Англичанецот е со важност до летото 2024 година.
Претходно интерес за негов трансфер пројавија Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 150 милиони евра.
Кејн не игра од почетокот на јануари поради повреда. Оваа сезона, 26-годишниот фудбалер настапи на 25 натпревари, постигна 17 голови и забележа две асистенции.