Летонија, Литванија и Естонија му забраниле влез во земјата на белорускиот лидер Александар Лукашенко и на други 29 белоруски официјални лица.
„Врз основа на одлуката на Владата на Летонија и во координација со министерствата за надворешни работи на Естонија и Литванија, министерот за надворешни работи на Летонија, Едгарс Ринкевич донесе одлука за воведување на забрана за влез во Латвија на неодредено време за триесет белоруски претставници“, се вели во соопштението на латвиското Министерство за надворешни работи.
Слична изјава дале и Министерството за внатрешни работи на Литванија и Министерството за надворешни работи на Естонија.
Премиерот на Литванија, Саулус Скверналис претходно најавил дека списокот за санкции на Вилнус ќе стапи на сила откако ќе биде усогласен со Рига и Талин. Министерството за надворешни работи на Литванија вклучи 118 лица на таа листа, кои, според нив, биле вклучени во фалсификување на претседателските избори и неоправдана употреба на сила против демонстрантите во Белорусија.