Двајца скијачи загинале во две лавини во неделата кои истовремено се урнале во француските Алпи, додека еден швајцарски ски-тркач го однела трета лавина и се води како исчезнат, соопштија властите на департманот От-Савоа.
Двајцата загинати скијачи биле зафатени од две лавини кои се покренале една по друга околу 13 часот по локално време во област надвор од скијачките патеки во скијачкиот центар Валорсен, северно од Шамони.
Првата лавина затрупала еден скијач во областа Посете. Жртвата била извлечена од под снегот и реанимирана и префрлена во болница каде што починала.
Втората лавина, која следела неколку минути подоцна во областа Ранж, однела група белгиски скијачи. Еден белгиски државјанин потоа е пронајден мртво.
Во близина на швајцарската граница во Самоен, околу пладне почнала потрага по швајцарски скијачки тркач, кој бил однесен од лавина. Поради лошите временски услови потрагата е прекината пет часа подоцна.