Во Турција приведени 369 мигранти

Припадници на турската жандармерија, синоќа во неколку акции привеле 369 мигранти во турскиот округ Одрин.

Задржаните мигранти се граѓани на Сирија, Еритреја, Непал, Виетнам, Иран, Ирак, Мјанмар и Бангладеш.

Лицата се испратени во регионалната служба за миграција.

Извор од турските безбедносни сили, наведе дека вчера во Одрин бил уапсен маж, кој нелегално превезувал 17 мигранти од Авганистан и од Сирија.