Турските власти уапсиле 60 безбедносни функционери, во сеопфатната операција извршена во четвртокот, а се осомничени за поврзаност со минатогодишниот обид за воен преврат во земјата.
Како што пренесува новинската агенција Anadolu, властите издале налог за апсење на 108 поранешните безбедносни функционери во оперцијата којашто се спроведена во главниот град Анкара и уште во 30 турски провинции.
За осомничените се верува дека се поврзани со исламистичкиот клерик Фетула Ѓулен, која речиси две децении живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, а Вашингтон одбива да го екстрадира во Турција каде што е баран под обвинување дека организирал паралелна држава, терористичка организација, како и за неуспешниот обид за воен идар од ноќта на 15-ти јули 2016 година. Ѓулен ги отфрла ваквите обвинувања, велејќи дека не го поддржува начинот на доаѓање на власт преку пуч.
Повеќе од 50.000 луѓе, вклучително и безбедносни функционери, воени и цивилни функционери, се уапсени поради неуспешниот воен преврат.
Овие апсења предизвикаа остри критики од турските созјуници на Западот и групите за заштита на човековите права, кои тврдат дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган пучот го користи да се пресмета со политичките неистомисленици. Владата во Анкара, пак, тврди дека мерките коишто се спроведуваат по воведувањето на вонредната состојба по ударот, се потребни за да се одбрани земјата од безбедносните закани, во прв ред тероризмот од џихадистичките, курдските и левичарските организации.