Четворица борци на Сириските демократски сили (FDS) предводени од Курдите а обучувани и вооружувани од САД, загинале во петокот вечерта во Сирија во напад со турско беспилотни летали во близина на границата, соопшти крудската автономна управа на североистокот на земјата,
Труција. која пред повеќе години изведе копнена инвазија во Сирија во областите каде што е доминатно курдското население, последните седмици ги засили нападите со беспилотни летала. Нејзини цели се главно борците на курдските Единици за заштита на народот (YPG), коишто Анкара ги смета за сириско крило на забранетата сепаратистичка Работничка партија на Курдистан (PKK) која води војна со турската држава од 1980-те години.
„Цел на окупаторскиот дрон беше селото Хиберт Хол во околината на Амуда, на североистокот, при што четворица борци ги дадоа животите како маченици“, се наведува во соопштението на службата за однои со јавноста на FDS.
Кон средината на јуни 16 луѓе, меѓу кои и цивили, загинаа во слични напади кои главни беа насочени кон позициите на FDS и со нив поврзаните групации на сунитските Сиријци и други етноконфесионални заедници во регионот.
Од почетокот на годинава 48 луѓе загинале во турските напади со беспилотни летала, меѓу кои десет цивили и 38 припадници на курдските сили и нивните сојузници, извести Сриската опсерваторија за човеки права (SOHR) чиешто седиште е во Лондон.
Силите на FDS во кои доминираат Курдите поддржувани од САД беа главната сила на западните сојузници на теренот во Сирија во наводните обиди да се уништи џихадистичката организација Исламска држава кој со влегувањето на Русија во 2016 година во сириската војна по повик на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад беше потисната кон североисточните региони на земјата кон границите со Турција и Ирак.