Температурите во главниот град на Индија вчера се искачија на рекордно високи 49,9 степени Целзиусови, соопшти владиното метеоролошки биро.
Индискиот метеоролошки оддел (ИМД), кој извести за „услови со тешки топлотни бранови“, ги забележа температурите на две станици во предградијата на Делхи во Нарела и Мунгешпур. Синоптичарите најавуваат слични температури и денеска.
Во мај 2022 година, делови од Делхи достигнаа 49,2 степени Целзиусови (120,5 Фаренхајти), објавија тогаш индиските медиуми.