Во Њујорк 14 отсто од населението има антитела на коронавирусот

Речиси 14 отсто од 3.000 тестирани лица во американската сојузна држава Њујорк имаат антитела на новиот тип коронавирус, изјави во четвртокот гувернерот Ендрју Куомо.

Овие прелиминарни резултати потекнуваат од истражувањето за присустноста на антителата во коешто со случаен избор биле тестирани луѓе во самопослуги, рече Киомо на редовната дневна прес-конференција .

„Тоа значи дека тоа се луѓе кои биле заразени и развиле антитела“, толкуваше Куомо.

Њујоршкиот гуварнер рече дека овие податоци би можеле да укажуваат на пониска стапка на смртност отколку што се проценува во моментов. Кога врз основа на овие податоци би се проценил вистинскиот број случаи, тоа би значело дека во државата Њујорк се заразени 2,7 милиони луѓе.

„Ако го погледнете сегашниот број смртни исходи, кој е 15.550, тоа би била стапка на смртноста од 0,5 отсто“, рече Куомо но и предупреди дека овие процени се темелат на прелиминарни податоци. Рече, исто така, дека бројката на починати од Covid-19 би можела „да биде и поголема“, бидејќи во моментов не ги опфаќа оние кои можеби починале од болеста во своите домови.

Истакна дека податоците би можело да залажуваат, бидејќи не се тестирани „луѓето кои биле во своите домови“ или изолирани, па затоа може да се покажува пониска стапка на смртност. Поради тоа, тестирањето на антителата ќе се прошири на поголем број примероци, најави Куомо.

Демократискиот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, ја нарече сугестијата на републиканскиот сенатор Мич Мекконел локалните власти да прогласуваат стечај „една најглупите идеи на сите времиња“. Оцени дека Мекконел бил „злобен“ кога го нарекол барањето на некои сојузни држави, предводени од демократски гувернери за сојузно финансирање – финансиско спасување на државите во кои на власт се демократите“, а кои ги одбиваат повиците на претседателот Доналд Трамп за постепено отворање на економијата.

Њујорк е жариштето на епидемијата на коронавирусот во САД. Вкупно во земјата досега од Covid-19, респираторната болест која ја предизвикува новиот коронавирус, починале повеќе од 47.000 луѓе, а заболеле над 856.000, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.