Околу 400 заштитни панцирни елеци наменети за Украина се украдени од канцеларии на невладина организација во Њујорк и досега не се пронајдени, соопшти од полицијата на американскиот мегалополис.
„Денеска околу 9,19 часот (средата според локално време) полициски службеници пристигнаа на повик за прјавена кражба на Втората авенија бр.203 на Менхетен. Кога полицајците пристигнале на адрестата им било кажано дека од зградате се украдени околу 400 панцири“, изјавиле од полицијата.
Според њујоршката полиција, заштитните елеци биле во просторијата на невладината организација „Ukrainian Congress Committee of America“, којашто организира собирање и испраќање тактичка опрема за војната во Украина.
Полицијата претпоставува дека претходно користените панцири ѝ биле дадени на невладината организацијата од локалните сили за одржувње на редот. Додаваат дека истрагата сѐ уште е во тек и оти засега нема приведени во врска со случајот.
Полициските оддели од пошироката област на Њујорк донирале стотици повлечени од употреба панцири за невладините организации кои собираат помош за силите кои се борат во Украина против руската војска.
Канцеларијата на шерифот во округот Сафолк на Лонг Ајленд, така донирача 450 користени повлечени пред пет години заштитни елеци, но за локалните медиуми не можеле да потврдат дека токму тие се украдените.
„Опремата најверојатно ќе ја користат цивилни безбедносни и медицински тимови, вклучително и граѓани кои се приклучиле во борбата против руската војска, а не самите украински војници“, изјавиле од организацијата.