Во Украина досега уништени илјадници километри патишта, железници, мостови, аеродроми…

Заклучно со 3 јуни годинава, од почетокот на руската инвазија на Украина, 261 деца загинаа, а повеќе од 463 деца се повредени. Ова се должи на активни воени дејствија во погодените региони, и не постои можност за увид во областите на гранатирање и уништување. Точните податоци за загинати и повредени деца во овие во моментов се формираат по региони, соопштуваат од украинската владина Канцеларија за координација на Европска и Евроатлантска интеграција.

Според украинскиот министер за инфраструктура, Олександр Кубраков, во текот на 100 дена активни воени дејствија на територијата на Украина, оштетени и уништени илјадници километри на автопати (24 илјади км. патишта), 7 илјади км. железници, 302 автомобилски и 49 железнички мостови, 11 аеродроми се оштетени или целосно уништени, како и 21 железничка станица, со заземање на четири поморски пристаништа. Најмалку 300.000 луѓе останаа без покрив над главата. Руската војска уништи 370 локалитети на културно наследство, соопштуваат од оваа Канцеларија.