Во областа Харков во источна Украина наредена е задолжителна евакуација за уште 10 села поради напредувањето на руските војници, соопшти денеска гувернерот Олег Синехубов, јави ДПА.
Гувернерот за украинска телевизија објасни дека непријателот постојано ги гранатира цивилните населби во погодените области околу селото Борова на источниот брег на реката Оскил.
Слични наредби беа издадени претходно за населбите лоцирани посеверно, во регионот на Купјанск.
Од 10 септември досега се евакуирани околу 6.500 лица, меѓу кои и околу 500 малолетници.