Во Унгарија и Франција засега поголем одѕив од минатите избори за ЕП

FREDERICK FLORIN/AFP/Getty Images)

Франција годинава би можела да забележи поголем одѕив на избирачите отколку на претходните избори за Европскиот парламент (ЕП) во 2014 година, доколку попладнето продолжи досегашниот тренд, оценува во неделата германската новинска агенција DPA, додека унгарската агенција MTI јавува дека во оваа земја до 13 часот одѕивот бил поголем од пред пет години.

До пладнето 19,3 отсто од гласачите излегле на избирачките места, објави француското министерство за внатрешни работи, што е за речиси 4-процентни поени повеќе отколку во 2014 година кога изнесувал 15,7 отсто.

Францускиот претседател Емануел Макрон и крајно десната челничка Марин Лепен ги оценија изборите како борба на либнералната проевропска агенда на Макрон и евроскептичниот суверенистички национализам на Лепен. Истражувањата на јавното мнение покажуаа дека нивните две партии се борат за победата на европските избори.

Според последната анкета која во петокот ја објави институтот Harris Interactive/Epoka, партијата од крајната десница Национален собир (RN) на Лепен добива 25 отсто од довербата, додека Републиката во движење (REM) на Макрон 22,5 отсто од гласовите. Тоа значи дека француската крајна десница ја зголемила предноста пред либералното движење пред европските избори кои во неделата се одржуваат во континентална Франција.

Во Унгарија до 13 часот на избирачките места излегле 24,01 отсто од гласачите, додека на минатите избори во 2014-та во истиот период одѕивот инесува 15,0 отто. Унгарија избира 21 пратеник во Европскиот парламент, а гласот може да го дадат 7,9 милиони гласачи.