Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд ја бранеше во средата борбата на Франција против џихадистичката организација Исламска држава на судењето на вмешаните во терористичките напади во 2015 година.
„Тие војуваа против нас, а ние возвративме“, изјави Оланд кој се појави пред судот во својоство на сведок.
Поранешниот претседател изјави дека Франција го поддржала Ирак во борбата против Исламската држава, а во Сирија дејствувала во самоодбрана од терористичките ќелии кои планирале напади врз земјата.
Во симултаните напади на 13-ти ноември 2015 година, исламистичките екстремисти убија вкупно 130 луѓе и раника околу 350 на неколку локации во француската престолнина. Извршија масакр во париската концертна сала „Батаклан“ пред неселективно да пукаат врз гостите на терасите на блиските кафулиња и ресторани.
Истовремено тројца бомбаши-самоубијци се разнесоа без да предизвикаат поголеми штети неуспевајќи да се пробијат преку бариерите кон стадионот „Стад де Франс“ на кој се играше пријателскиот фудбалски натпревар меѓу селекциите на Франција и Германија.
Оланд во средата уште еднаш им се извини на семејствата на жртвите затоа што не биле спречени нападите. Заканата им била позната на соодветните агенции, но изостанале клучните информации.
„Не знаевме кога, како и каде ќе нападнат“, призна поранешниот франциски претседател.
Франција е нападната првенствено порад својот начин на живот, оцени Оланд. Целта била да се дестабилизира земјата и да биде одвратена од незјиното ангажирање во Сирија и во Ирак.
Во тек е судењето на 20 обвинети, а на повеќето од нив им се закануваа најмалку 20 години затвор ако бидат прогалсени за виновни.