Во Јужна Кореја се намалува бројот на заразени лица со Ковид-19

Во Јужна Кореја денеска е забележен најмал број на нови случаи со Ковид-19 од 29 февруари, што укажува дека најверојатно се намалува епидемијата во најпогодената азиска земја по Кина.

Корејскиот Центар за контрола на болести и превенција (КЦДЦ) денеска потврди 64 нови инфиоцирани лица со новиот коронавирус, со што вкупниот број се искачи на 8,961 лица, а едно лице почина, со што цифрата на смртни случаи изнесува сто.

Јужна Кореја 12. Ден по ред бележи околу 100 инфицирани лица или помалку во споредба со 29 февруари, кога беа потврдени 909 случаи.