
Во близина на бензинска пумпа на автопат Табановце- Куманово, синоќа околу 21.40 полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода Б.Д.(29) од Скопје, кој управувал товарно моторно возило „Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.
По превземените активности полициски службеници во реонот на с.Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш коишто биле превезувани во возилото.
Лицата – мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.