Во Вашингтон, Зеленски бара поддршка од републиканците за нов пакет помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленскии во четвртокот се сретна со пратениците на вашонгтонски Капитол кога републиканските скептици се прашуваат дали Конгресот треба да одобри нов пакет помош за Киев и покрај бавниот напредок на таканаречената противофанзива против руската инвазија.

Откако побара меѓународна поддршка во Обединетите нации, Зеленски дојде во Вашингтон. Тој ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и со воените челници во Пентагон. Облечен во армиско зелена која треба да го одрази неговиот статус на наводен воен лидер, Зеленски веќе се состана со лидерите на Претставничкиот дом, под контрола на републиканците, и на Комитетот за национална безбедност.

Потоа влезе во старата комора на Сенатот во Капитол заедно со лидерот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер и лидерот на малцинството, републиканецот Мич Меконел, каде што се обрати до целиот американски Сенат на затворена седница.

Додека украинската воена контраофанзива продолжува а за која во пресрет на неговото патува во САД американски мејснтрим медиуми ги проблематизираа нејзините постигнуваа, Конгресот води жестока дебата поради владините трошоци, републиканците сѐ повеќе ја доведуваат во прашање целта на милијардите долари што Вашингтон ги испраќа во Киев за воени, економски и хуманитарни потреби. САД, според тврдеата на администрацијата, испратиле околу 113 милијарди долари безбедносна и хуманитарна помош за украинската влада од руската инвазија ланскиот февруари.

Претставници на администрацијата на Бајден одржаа доверлив брифинг за Конгресот во средата навечер за да обезбедат дополнителни 24 милијарди долари. Тие предупредуваат дека трошокот за САД ќе биде многу поголем доколку на рускиот претседател Владимир Путин му се дозволи да ја преземе контролата врз Украина и да се пробие во границите на НАТО.

Конгресот лесно ја одобри помошта за Украина кога и Сенатот и Претставничкиот дом беа контролирани од демократите, но тоа сега е потешко.

„Има ли начин да се победи во Украина, тоа не го слушнав денеска. И слушнав дека нема да има крај на барањата за финансирање“, им рече на новинарите републиканскиот сенатор Џош Хејли, гласен критичар на помошта за Украина.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот, Кевин Мекарти, не закажа состанок во четврток на кој Зеленски би можел да го претстави својот случај за понатамошна помош на целиот дом, туку само поинтимна средба со него и со неколку други лидери. Мекарти, кој како спикер контролира која легислатива ќе излезе на гласање во Претставничкиот дом, рече дека Зеленски мора да го убеди да ја поддржи континуираната помош за Украина.

„Дали Зеленски е избран во Конгресот? Дали е наш претседател? Не морам да се обврзувам на ништо“, им рече Мекарти на новинарите во вторникот. „Имам прашања за него. Каде е одговорноста за парите што веќе ги потрошивме? Кој е планот да победиме? Мислам дека тоа е она што американската јавност сака да го знае“, рече Мекарти.