Загаденоста на воздухот и во летниот период е главоболка за граѓаните. Имено, според мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот денеска до 13 и 30 часот во општина Велес се измери 921 ПМ 10 честички на метар кубен, или над 18 пати повеќе од дозволеното.
Имено, старо новата влада и во минатото но и денес во пред изборниот период ветуваше итни мерки против загадувањето на воздухот и после скоро 4 години година дена дури и во летниот период кога не е грејна сезона, загаденоста е над дозволеното ниво.
Во текот на зимата загаденоста на воздухот беше екстремно висока, а владата и локалните власт не презедоа никакви мерки за намалување на загадувањето. Едни од најзагадените градови беа Скопје, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево, Битола и Струмица чии граѓани во голем број ги полнеа болниците поради проблеми со дишењето заради загадениот воздух.
Главниот град во поголем дел од зимскиот период се наоѓаше и во топ 10 најзагадени градови во Светот, а владата и градоначалникот Петре Шилегов не направија ништо за да го намалат загадувањето. Едноставно чекаа да стопли времето и со завршување на грејната сезона се надеваа дека никој повеќе нема да ја забележува загаденоста.
По се изгледа дека и оваа зима повторно граѓаните ќе се соочат со истиот проблем кои веќе со години наназад го имаат, бидејќи ниту локалните власти а ниту централната власт vне знае како да се справи со енормното загадување на воздухот.