Поради снегот и густата магла се случил верижен судир на повеќе од 40 возила на автопатот во близина на градот Бојзи, во американската држава Ајдахо, соопштиле тамошните претставници.
Во верижниот судир кој се случил вчера, нема жртви, а десетина лица се повредени, соопшти полицијата во Ајдахо.
На истиот автопат се случиле уште неколку помали одвоени судири во кои што немало повредени, но многу отежнато и забавено се одвивал сообраќајот.