Во Версај ќе достават мермер со задоцнување од 400 години

Во 2024 година во Версајскиот дворец ќе пристигне невообичаен товар, по Сена ќе биде доставен блок од црвен мермер, порачан пред повеќе од 400 години.

Загубениот во XVII век блок од црвен мермер со тежина од три тона бил пронајдени од работници кои ископувале песок и камен во каменолом во департманот Од на југот од земјата, оддалечен 782 километри од палатата Версај. Француската асоцијација на производители на мермер препознала дека станува збор за блокот кој бил загубен пред околу три и пол века и се обвзра да го испорача до нарачателот. Сѐ уште останува мистерија поради кои причини мермерот не стигнал во Париз.

„Мермерот бил нарачан за 12-те колонади кои требало да бидат дел од капелата.. Проектот на крајот бил напуштен“, вели за весникот Le Parisien Карид Масуд, претседател на Асоцијацијата за мермер.

Решиле овој процес да се претвори во историски и информативен настан. Така, за испораката на товарот ќе се користат само технологиите кои биле достапни до крајот на XVII век. Прво, блокот ќе се транспортира со коњски запреги до Јужниот канал, потоа со сплав по каналот низ градовите Каркасон, Кастелнодари, Тулуз и Бордо преку кој тој ќе биде пренесен на брегот на Атлантскиот Океан. Потоа по поморски пат ќе биде доставен до Руен во Нормандија, а од таму низводно по Сена ќе биде донесен до Париз.

Во големите градови по должината на трасата на мермерниот блок ќе се одржат костимографски прикази и предавање за градењето на Версајскиот дворец и животот на Французите во споменатиот период. Сиот овој настан, според оцените на стручњаците, ќе трае до пет години.