ВИДЕО| Во Хаити нападнати претседателската зграда и министерството за внатрешни работи

Банди на Хаити извршија големи вооружени напади во текот на ноќта врз неколку владини згради, вклучувајќи ја и претседателската палата во Порт-о-Пренс.

Главниот град на Хаити со денови е зафатен од бран добро координирани групни напади врз органите на редот и државните институции, чија цел е да се собори владата на премиерот Ариел Хенри.

Извор изјави за „ABC News“ дека ноќниот напад бил координиран и брз, при што различни групи истовремено напаѓале повеќе владини згради, вклучително и претседателската палата, Министерството за внатрешни работи и полицискиот штаб за западниот округ на Хаити, кој го вклучува Порто-Пренс.

https://twitter.com/KareemRifai/status/1766301751047545141