Началниците на генералштабовите на руската и на американската армија ќе се сретнат во понеделникот во австриската престолнина Виена за да разговараат за продолжување на операциите во Сирија, каде што Вашингтон реши да ги задржи „преостанатите сили“ коишто ќе ја гарантираат заштитата на нивните курдски сојузници.
„Средбата на американскиот генерал Џо Данфорд и неговиот руски колега по должност Валериј Герасимов ќе се одржи во Виена, во Австрија. Двајцата високи воени функционери ќе разговараат за мерките поради спречување инциденти меѓу руските воени операции во Сирија и операциите на меѓународната коалиција“, која се бори против Исламската држава, наведува во писмена изјава портпаролот на американскиот генералштаб, полковникот Патрик Рајдер.
Откако Русија во сепрември 2015 година, повеќе од една година по САД, се вклучи во сирискиот конфликт, Москва и Вашингтон договорија раздвојување на своите зони на дејствување против Исламската держава и спречување на секаков инцидент со мерките на ткн деконфликција. Воените команданти меѓусебно се информираат за воздушните операции, за да се избегнат конфликтни ситуации меѓу нивните војски.
Двајцата началници на штабовите ќе разговараат и за „состојбата на воени врски меѓу САД и Русија, како и за актуелнтата безбедносна ситуација во Европа“, додава Рајдер, алудирајќи на актуелните тензии во врска со договорот за ограничување на ракетите со нуклеарни боеви глави со кус и среден дострел познат по кратенката INF од кој САД најавија дека ќе истапат, што го прифати и Русија меѓусебно обвинувајќи се за негово прекршување.
И покрај тоа што двете сили поддржуваат различни страни во сирискиот конфликт и тензиите меѓу двете земји, двајцата началници на генералштабовите успеале да го сочуваат комуникацискиот канал кој никогаш не бил прекинат.
Вашигнтон во моментов преговара со западните сојузници во рамките на коалицијата за воспоставување меѓународни сили кои на североистокот од Сирија, кој не го контролира владата во Дамаск, би продолжиле да ги обучуваат силите на сунитска опозиција кои ќе можат да го чуваат мирот и да пружат поддршка за стабилизација на земјата по целосната ликвидација на Исламската држава.