Во внатрешноста се лекуваат 970 ковид-пациенти, вкупно во земјата 1.667

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.667 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираше во вторникот Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во внатрешноста е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а севкупно со главниот град Скопје

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на Covid-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 96 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Covid-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 107 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 21 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 93 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 31, Кавадарци 64, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.