![елка](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/elka.jpg?resize=696%2C609&ssl=1)
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид со подршка на волонтерите на Црвен Крст – Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и со тоа на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2024 година.
Елката е поставена кај Заливот на коските, овој пат, 21. година по ред.
Како и секоја и оваа Нова 2024 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести, со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денеска, па сѐ до крајот на јануари.
Фото: Ohridpress