Во воздушен напад на коaлицијата предводена од САД убиени 54 лица во Сирија

Во воздушните напади на авиони од меѓународната коалиција преводена од САД во источната сириска покраина Деир ал-Зор убиени се 54 лица, од кои најмалку 30 се цивили, пренесуваат во петокот агенциите.

Авионите во ноќта кон петокот погодиле фабрика покрај селото ал-Суса во близина на градот ал-Букамал. Сириската новинска агенција SANA ги обвини авионите на коалицијата на САД за „маскр“ над цивилите и исвестува дека има повеќе од 30 цивилни жртви, а главно се жени и деца.

Опозициската организација Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), вели дека од вкупниот број загинати 54 лица, 28 се цивили поеќето Ирачани. Оваа оранизација со седиште во Лондон и финансирана од западни извори наведува дека „засега не е познато дали нападите ги извеле авиони на ирачките сили или на американската коалиција“.

Поголем дел од покраината Деир ал-Зор е под контрола на ултрарадикалната сунтиска организација Исламска држава, но на почетокот од февруари Анкара обелодени дека во неа има и неколку бази на американските војски во кои се обучуваат сириските бунтовници за борба против џихдистичката оранизација и нејзини одметнати борци. Коалицијата од мај го засили наапдите во близина на ирачко-сириската граница.