Израелските безбедносно сили (ИДФ) денеска соопштија дека при воздушен напад врз Појасот Газа убиен е клучниот финансиер на Хамас.
ИДФ тврди дека е елиминиран Насер Јакоб Џабер Насер, одговорен за финансирање на голем дел од воените активности на исламистичката организација во јужниот град Рафа. Тој во декември на Хамас му префрлил стотици илјади долари.
Во Рафа се сместени повеќе од еден милион палестински бегалци. И покрај меѓународните предупредувања, Израел планира воена операција во Рафа.