Најмалку 15 лица, вклучително и жени и деца, се убиени во понеделникот во воздушни напади врз источниот либиски град Дерна, информираат локални извори.
Дерна долго време беше под опсада на Либиската национална армија (LNA), којаштпо повремено изведуваше воздушни напади врз градот. Воени функционери одбиле за Reuters да ги коментираат нападите.
Нападите во понеделникот траеле околу еден час и ја погодиле населбата Дар ал-Амар на југот од Дерна и ал-Фатајех, брдско подрачје оддалечено околу 20 километри од градот, навел за агенцијата очевидец на нападот.
Според медицински изори, најмалку 17 лица се повредени, а сите жртви биле цивили.
Дерна е приморски град на околу 265 километри од египетската граница. Таа е под контрола на исламистичките милитанти.
LNA, пак, е базирана во источниот град Тобрук, област којашто е контролирана од другата влада која постои во Линбија, Влада на национален договор (GNA) со седиште во Либија, предводена од Гајес ал-Сараџ, признаена од меѓународната заедница,