Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540, додека со втората доза вакцинирани се 8.306 македонски граѓани.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ги добиле вакцините на „Фајзер“, „Спутник В“ и „АстраЗенека“.
Според податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.