Делови од Скопје без струја

струја

Во временскиот период од 8.30 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Борис Трајковски“ под улица 7, во општина Кисела Вода, а од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селото Горна Матка, општина Сарај.

Од 9 до 11 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, непарни броеви на улици, од број 41 во општина Аеродром, а од 9.05 до 11.05 часот корисниците од Фершпед- Царинарница Автокоманда во општина Гази Баба.

Дел од корисниците лоцирани на улицата „Франце Прешерн“ од 100 до број 130 во општина Карпош, ќе бидат без струја од 9 до 14.30 часот, а од 11.30 до 13.30 часот дел од Пивара-Скопје, магацини во општина Гази Баба.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.