Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари, вели Бектеши

-Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да изнесува над 33 денари, и за белиот и за полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите чии цени ќе бидат замрзнати, одлучи Владата. Ќе следат и нови одлуки, а се прават анализи и за цените на тестенините. Владата ќе изготви цел список на производи.

Ова го изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија, Крешник Бектеши.

Цените, како што појасни Бектеши, нема да се зголемат, освен во случај ако растат  цените на суровините, тогаш би можело да има нагло покачување.