Во вторник навечер ќе се знае кога ќе продолжи наставата

Најдоцна до утре (вторник) би требало да биде донесена конечната одлука кога ќе приодолжи наставата, изјави претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Недлеков, одговарајќи на новинарско прашање откако беше постигнат договорот со Владата за зголемување на платите во образованието за 12 отсто, што претставува отстапување од првичното барање на синдикатите од 18,4 отсто.

„До утре навечер треба да имаме резултати тоа значи дека до утре навечер ќе има сондажа на јавното мислење на членството како и органот на одлучување, а тоа е Советот на СОНК ќе заседава и ќе за донесе конечната одлука врз основа на изјаснувањето на нашето членство“, рече Неделков.

Претседателот на СОНК додаде дека евентуално од среда учениците ќе се вратат во училиштата и вели дека дополнително ќе се разговара за продолжувањето на училишната година.