Во вторник на 16 јули ќе има делумно помрачување на Месечината, тоа ќе биде последното лунарно помрачување во оваа година.
Помрачувањето ќе биде видливо за жителите на Австралија, Африка, Јужна Америка, како и во делови од Европа, а истото ќе ја заобиколи Северна Америка, односно ќе биде видливо само за најјужните делови на континентот.
Сепак, помрачувањето ќе биде тешко видливо, затоа што висината на Месечината над хоризонтот, нема да биде поголема од една педа испружена рака.
Помрачувањето ќе започне во 22:01, а Месечината најмногу ќе биде прекриена со сенката на Земјата и тоа 65 отсто пречник во 23:31, а од неа ќе излезе во среда на 17 јули, еден час по полноќ.