![thumbs_b_c_2efebc80d02de83faf00ba39a7252322](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/thumbs_b_c_2efebc80d02de83faf00ba39a7252322.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Според истражувањето на кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) во Вухан со новиот коронавирус биле заразени околу 500.000 луѓе, што е речиси десетпати повеќе од официјалната бројка.
За врерме на студијата научниците анализирале 34.000 жители на Вухан, првичниот епицентар на пандемијата, како и од другите градови во провинцијата Хубаеј, Пекинг, Шангај и проинцијата Гуангдондг, Џангсу, Сечуан и Лиаонинг за да ја проценат стапката на зараза во тие области.
Тие откриле дека стапката на преваленција на антитела на ковид-19 кај 4,43 отсто од граѓаните на Вухан, град со 11 милиони жители. Досега во градот официјално се потврдени 50.354 случаи на инфекција со Ковид-19, но серолошките тестови покажуваат дека имало приближно 500.000 заразени луѓе.
Сите случаи на инфекцијата во Вухан не се регистрирани поради хаосот за време на врвот на инфекцијата, а и дел поради невозможноста да се забележат асимптоматските случаи.
МИА