Во завршна фаза е изградбата на црквата на Смилковско езеро

Оваа Црква се гради на иницијатива на граѓаните, а во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ја посетија Црквата Св. 40 Маченици која се гради на Смилковското езеро.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на Фејсбук на која напиша:

-Утрово заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан и колегата Дарко Костовски ја посетивме Црквата Св. 40 Маченици на Смилковското езеро.

Изминатиот период беа извршени активности за изработка на фреските и иконостасот на црквата..

Оваа Црква се гради на иницијатива на граѓаните, а во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток.

Со изградбата на овој Божји дом никогаш нема да се заборави дека недолжни млади деца го загубија својот живот на тоа место!

Никогаш да не се заборави!

Никогаш да не се повтори! – напиша Стефковски.