Во завршна фаза новото мултифункционално игралиште во Штип

Во завршна фаза влегуваат активностите за конструкција на мултифункционалното игралиште во населбата Мазги, близу средното медицинско училиште во Штип. Ова игралиште го гради и конструира Општина Штип со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, според теркот на мултифунцкионалното игралиште во населбата Сењак.

„Ова е прво поголемо игралиште од ваков тип во овој дел на градот, со што ќе им се обезбеди можност на многу млади да спортуваат. Инвестицијата е околу 6 милиона денари и игралиштето се очекува да биде завршено брзо. Оваа седмица би требало да зарши поставувањето на оградата а веднаш потоа ќе следи и поставување на реквизитите за спорт,“ изјави Драган Ристо, советник за односи со јавност на градоначалникот на Штип.

Минатата недела беше поставен асфалтот, поставено е рефлекторско осветлување на столбови, формирана е патека од бехатон околу игралиштето. Мултифункционалното игралиште ќе биде адаптирано за фудбал, кошарка и ракомет. Минатата година Штип доби фудбалски терен со вештачка трева во населбата „Автокоманда“, и мултифункционалното во населбата „Сењак“ во вредност од 120.000 евра. Оваа година треба да се направат и тениски игралишта до него а паралелено течат и активностите за првиот стадион со вештачка трева во населбата Бело Брдо со поддршка на ФФМ.