5.8 C
Skopje
понеделник, февруари 3, 2025

Во земјотресот во Петриња загина 12-годишно девојче (ВИДЕО)

Едно дете загина во земјотресот во Петриња, потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ. Станува збор за 12-годишно девојче.

– Kако да е Хирошима, немам половина град. Моментално сум пред мртва девојка која почина, чекаме помош – рече Думбовиќ во интервју за ХРТ.

– Извлековме мало дете од четири години, градот беше уништен, веќе не е можно да се живее во него. Катастрофа, мајки кои плачат за своите деца, не знам што ми е во една градинка, што во друга. Сопругата ми се јавува, нешто и падна на главата. Ни треба помош, потребни ни се итни служби – извика тој, пренесува Индекс.хр.