Во Желино се роди партија – од Желино може да се растури Влада

„Желино во кое се роди една партија (како движењето Беса) може да биде и Желино што растура една Влада“, вели во својот Фејсбук статус актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанствоод БЕСА Аријанит Хоџа.

Хоџа како шеф на изборниот штаб и генерален секретар на движењето Беса, пред вториот на локалните избори стоеше на ставот дека е потребна соработка со Алијанса за Албанците за да може на овие локални избори да се победат кандидатите од ДУИ. Според него, легитимитетот за нова власт доаѓа од парламентарни избори, но дали како партија би поддржале ново парламентарно мнозинство, како што рече, ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните на политичката сцена по локалните избори.

„Ние остануваме цврсто на нашата определба за заедно со Алијанса за Албанците да ги победиме ДУИ во општините каде учествуваме во втор круг. Ова се локални избори, легитимитетот за парламентарни избори односно за нова влада доаѓа од парламентарни избори. Тоа останува на времето да видиме по изборите како ќе се одвиваат настаните и како ќе се движи политичката сцена потоа“, рече Хоџа во одговор на новинарско прашање дали иако се дел од сегашната власт би поддржале ново парламентарно мнозинство со оглед на соработката со опозицијата на овие локални избори.

Дали овој статус на Фејсбук на Хоџа по победата на Ксами за градоначалник на Тетово и оставката на Заев навестува промена во насоката на БЕСА.