![kongres vmro-dpmne](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/kongres-vmro-dpmne.jpg?resize=696%2C440&ssl=1)
ВМРО-ДПМНЕ денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје го одржува XVII Конгрес на партијата.
Настанот започна во 10:00 часот со регистрација на гостите, на делегатите и претставниците на медиумите. Отворениот дел за јавноста ќе трае до 13:00 часот, по што ќе следи затворениот дел од Конгресот. Во рамки на затворениот дел од Конгресот е и гласањето и избор на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 17:30 часот продолжува отворениот дел за јавноста, во чии рамки ќе биде и обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.