![newFile-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/newFile-1.jpg?resize=696%2C421&ssl=1)
Разрешницата на „најпопуларната“ спортска тема ќе се знае рано утрово, откако одАвстралија стигна порака дека ќе може да се следи и директно судењето на светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ. Судењето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше вечерва точно на полноќ.
Адвокатите на Ѓоковиќ ќе добијат два часа да го претстават случајот на сослушувањето. Судот ќе одлучи дали тенисерот ќе добие дозвола за влез во Австралија или ќе биде депортиран.
Австралиските власти објавија и линк на кој ќе може да се следи преносот, а според некои медиуми, судењето во живо може да се следи и на: https://www.fcfcoa.gov.au/gfl/courtlists/vic/melbourne
Ѓоковиќ четири дена е во хотелот за баратели на азил и чека да му се реши статусот откако му беше одбиена визата по пристигнувањето во Мелбурн. Тој допатува во Австралија без примена вакцина, но со потврда дека во последните шест месеци прележал ковид-19. Сепак, тоа не беше доволно да добие медицинско иземање за настап на Австралијан опен.
„Првиот позитивен ПЦР тест за ковид е датиран на 16 декември 2021 година“, изјавиле неговите адвокати, објави вчера Би-би-си.