
Време е да се обединиме под македонското знаме. Ги повикуваме граѓаните денес помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација, велат организаторите на протестите под мото „Ултиматум НЕ благодарам“.
„Продолжуваме со протесниот марш во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда, па се до Собранието.
Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија.
Да кажеме НЕ на Ултиматумот“ – посочуваат тие.
Протестот можете да го следите во живо на линкот во продолжение: