Во моментов почнува уривањето на дивоградбата кај трговскиот центар Мавровка.
Вчера на владината седница беше одлучено нелегалната градба да ја урива претпријатието „Македонија пат“.
Дивоизградениот објект никна на местото на некогашното кафуле „Фонтана“, кое во мај изгоре во пожар и тоа среде полициски час.
Општина Чаир цело лето ветуваше дека ќе ја урне дивоградбата, но тоа не го стори.
Во меѓувреме на терен градежните активности запреа, а сопственикот не ја урна градбата иако Чаир тоа го побара.
Постапката за уривање ВО ЖИВО може да ја следите на следниот ЛИНК